ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – „Ѕидот“ наречен Никола Миленковиќ

Српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ овие денови е поврзуван со трансфер во Интер каде на него се гледа како долгорочно решение за стоперската позиција. 24-годишникот по пристигнувањето во Фиорентина се наметна како еден од најдобрите на својата позиција во Серија А, а за тоа говорат и бројките.

Србинот од дебито во декември 2017 година е стоперот со најголем број на добиени дуели (779), добиени воздушни дуели (424), а најдобар е и во скок играта каде има 304 „расчистени“ топки.

Се вчитува...