Перманентниот трансфер на Ромелу Лукаку во Интер е комплициран поради финансиските проблеми со кои се соочуваат „нероаѕурите“. По двете одбиени понуди од страна на Челси се појавија гласини за можен премин во Јувентус кој под водство на новиот директор Џунтоли е подготвен за нова ера, но веројатноста за премин на Белгиецот во Торино е минимална.
Лукаку нема желба за преселба во ниту еден друг италијански клуб и за него постои само Интер за кој е подготвен и да ги намали месечните примања од 8.5 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Лукаку досега за Интер одигра 132 натпревари на кои постигна 78 голови и 23 асистенции. Со клубот од Милано се радуваше на шампионскиот трофеј освоен во сезоната 2020/21 како и трофејот во Купот и Суперкупот на Италија изминатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА