Баерн Минхен не ги искористи киксовите на Лајпциг и на Борусија Дортмунд, и пропуштија можност да направат предност од +11 бодови на табелата пред ривалите, играјќи 2-2 на домашен терен против Мајнц.
Невобичаена е ситуацијата да „Баварците“ се спасуваат од пораз во Бундеслигата, а тоа им се случи вечерва откако гостите имаа предност до 87. минута, кога Кејн од пенал донесе израмнување и бод за германскиот првак.
Карл во 29. минута го доведе Баерн во предност. Потулски израмни во судиското надополнување од првиот дел.
Јае Сунг во 67. минута донесе предност за Мајнц на овој меч. И кога се чинеше дека Баварците ќе притиснат силно и ќе дојдат до пресврт, сепак, само еден гол и тоа од белата точка на Кејн за да се спасат од пораз и од бламажа на свој терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

