Коко Гоф, третата тенисерка на светот, се мачеше да го помине првото коло од Отвореното првенство на САД на домашен терен. Гоф тесно ја елиминираше Ајла Томљановиќ од Австралија по три долги сета со резултат 2:1 – 6:4, 6:7, 7:5.
Третата носителка имаше проблеми, особено во вториот сет во кој Томљановиќ водеше со 5:4 и сервираше за сетот, но Гоф потоа се разбуди. Сепак, малку подоцна во тај-брејкот, Австралијанката успеа да го освои сетот и да донесе целосна драма на стадионот „Артур Еш“.
Тогаш имаше отворен пат дека ќе ја добиеме првата сензација на овогодинешниот Отворен турнир на САД, од кој нè делеа само неколку подобри одлуки на Томљановиќ и поени кои отидоа на контото на Американката.
Гоф успеа да спречи срам пред домашната публика и да излезе како победник во одлична размена на брејкови во третиот сет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА