Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, за малку избегна сензационална елиминација на стартот на Вимблдон. Успеа некако да дојде до победа против Италијанецот Фабио Фоњини дури во пет сета и се пласираше во второто коло, на грандслем турнирот на кој го брани трофехот.
Натпреварот траеше повеќе од четири часа, а Алкараз славеше со 7-5, 6-7, 7-5, 2-6, 6-1. Ова беше можеби последниот грандслем натпревар во кариерата на 37-годишниот Италијанец.
Карлос Алкараз никогаш не изгубил петти сет на Вимблдон и традицијата продолжи во првото коло.
Исто така, Алкараз никогаш не изгубил грандслем меч од тенисер кој не е во Топ 100, а Фоњини моментално е рангиран на 138-то место во светот.
Актуелниот шампион на лондонскиот турнир се мачеше со Фабио Фоњини, но успеа да спречи сензација и се пласираше во второто коло на Вимблдон, каде што ќе игра против Британецот Оливер Тарвет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

