Маркус Рашфорд, долгогодишниот член на Манчестер Јунајтед е пред заминување од „Олд Трафорд“ откако го загуби местото под водство на новиот тренер Рубен Аморим. Португалецот не е задоволен од односот на ѕвездата па го седна на клупа и голема е веројатноста дека ќе облече дрес на друг клуб уште во јануари.
Како нова можна дестинација се споменува Наполи, интерес постои и од останати клубови од Премиерлигата па неизвесно е која ќе биде новата средината.
Јасно е само дека тоа нема да биде Саудиска Арабија бидејќи Англичанецот нема намера како некои фудбалери поголема важност да им стават на парите.
Имено, Рашфорд имал понуда од неколку клубови од егзотичното првенство, дури и со три пати поголема плата од таа која сега ја зема во Манчестер Јунајтед, но ја одбил понудата од 42 милиони евра годишно со цел да се бори за место во репрезентацијата на Англија, но и да го докаже квалитетот кој го поседува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА