Францускиот фудбалер Aнтони Марсијал ова зима би можел да ги промени клупските бои и дресот на Манчестер Јунатед да го замени со некој од оние на прволигашите во Саудиска Арабија од каде постои најсериозен интерес за неговите услуги.
Фудбалерот на кој му се препишуваше блескава иднина го загуби своето место во редовите на „црвените ѓаволи“ и воопшто не е во плановите на тренерот Ерик тен Хаг, а со оглед на тоа што неговиот договор истекува во јули 2024 година клубот цели кон барем минимален поврат на сумата за фудбалерот кој го плати 60 милион фунти во 2015 година.
Според англиските медиуми за Марсијал постои интерес од два клубови од Саудиска Арабија чии имиња не се откриваат, но истите се подготвени да понудат од 10 до 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА