Во продолжението од сезоната македонскиот ракометен вицепрвак Металург ќе биде без капитенот Мартин Велковски. Лекарските прегледи ги потврдија стравувањата дека се работи за повреда која ќе го оддалечи од ракометот подолг период, потврди вечерва клубот.
Македонскиот репрезентативец повредата на Ахиловата тетива ја доби на дуелот од Лигата на шампиони, во саботата против Бешикташ. Ќе отсуствува најмалку шест месеци.
Повредата на Велковски покрај во Металург прави проблеми и во репрезентацијата во пресрет на Светското првенство во Германија и Данска во јануари следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА