„За Мекејлеб немав решение… за него ме подготвуваше и Влада Вукоичиќ, но залудно“

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина кој најголемиот дел од својата кариера ја помина настапувајќи во АБА лигата, Златко Јовановиќ на подкасот „Јао Миле“ говореше и за најтешките протинивци за чување, а го издвои Лестер Бо Мекејлеб.

За Србинот поранешниот репрезентативец на Македонија кој заслужил да игра и во најсилното кошаркарско првенство, НБА лигата е апсолутно најтешкиот со кој се сретнал во кариерата.

„Најтешките играчи за чување беа оние од АБА. Мене ми остана во сеќавање малиот Бо Мекејлеб во тој момент кога беше во Партизан. Не знам, немав решение. Се сеќавам дека Влада Вукоичиќ ме подготвуваше за сите можни варијанти, но залудно. За мене Бо Мекејлеб е еден од играчите кои е најтежок за чување. Малку кога ќе му се тргнеш кога ќе се залета и ќе се потпре на тебе, друже тоа е… За мене тој е НБА играч само што ајде помина најмногу време во Европа“, вели Јовановиќ.

Се вчитува...