Нејмар се врати во својот Сантош, дочекан со сите највисоки пиетети овој пат како огромна ѕвезда од која се очекува на вистински начин да ги импресионира фановите во својата родна земја.
Ја доби „десетката“ на легендарниот Пеле па веднаш дел од навивачите на Сантош почнаа да го нарекуваат „новиот крал“.
Но, Нејмар веднаш одговори на прозивките велејќи дека во светот на фудбалот нема и никогаш нема да има ниту еден друг крал освен еден…
„Постои само еден фудбалски крал, тоа е Пеле. Секој сака да ги достигне неговите височини, но едноставно е невозможно. Мене ми се случија многу работи во фудбалот, некои несакани, но Бог сакаше да биде така. Не можам да се жалам за се што ми се случи во животот. Задоволен сум од својата фудбалска историја. Успеав да го остварам мојот детски сон. Всушност, реализирав и многу повеќе од сонот, и затоа сум му благодарен на Бог, на моето семејство и на моите пријатели. Тоа се најважните три работи за мене“ – вели Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

