Интер ја одби понудата на Челси за Ромелу Лукаку вредна 100 милиони евра, плус Маркос Алонсо, кој требало да дојде во Милано како засилување за бековската позиција. „Сините“ се решени на крајот да го вратат белгискиот напаѓач на „Стемфорд Бриџ“, но „нероазурите“ засега одолеваат на ваквите примамливи понуди.
Според „Скај Италија“, клубот нема намера да го пушти Лукаку по секоја цена, освен ако тоа не го побара одличниот напаѓач. Лукаку беше фудбалер на Челси од 2011 до 2014 година, но запиша вкупно 15 натпревари без постигнат гол. Потоа следеше трансфер во Евертон за 35 милиони, потоа во Манчестер Јунајтед за 84,7, за да на крај во 2019 година заврши во Интер за 74 милиони.
По сезоната во која ги предводеше „нероазурите“ до скудето со 24 гола и 10 асистенции, неговата вредност се зголеми на над 100 милиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА