Дербито за Манчестер помеѓу Јунајтед и Сити заврши без голови, но со бројни контроверзии започнувајќи од навредите упатени од домашните навивачи кон мајката на Фил Фоден за што следеше остар одговор и од страна на Пеп Гвардиола.
А, тоа не било се вчеравечер на „Олд Трафорд“ со оглед на тоа што навивач на домашниот тим физички го нападнал фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилиш.
Станува збор за 20-годишник кој по крајот на средбата го повикал Грилиш блиску до трибините и го физички го нападнал на големо изненадување на навивачите во близина. Полицијата веднаш го идентификувала напаѓачот и го уапсила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА