Помошните судии добиле инструкции да не го креваат знаменцето во ситуации на „тесен“ офсајд и да остават дополнително ВАР технологијата да направи корекција ако е потребно. Ова денеска го објави претседателот на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, во пресрет на Светското фудбалско првенство во Русија.
„Ако некој судија на дуелите од првенството не го крева знаменцето, тоа не е затоа што прави грешка туку затоа што ги почитува инструкциите. Им посочивме да не го креваат знаменцето ако забележат „тесна“ офсајд ситуација особено ако акцијата е ветувачка за постигнување гол затоа што ако помошникот крене наменце, тогаш се е готово“ – објаснува Колина. Тој уште додава дека ВАР техологијата дополнително ќе решава за спорната ситуација дури и ако биде постигнат гол.
Светското првенство во Русија е првиот настан од овој калибар на кој што ќе биде користена ВАР технологијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА