Македонскиот интернационалец, Никола Митревски повторно се најде во изборот за најдобрите одбрани во Лигата на Шампионите. Голманот на Порто имаше одличен настап во победата на неговиот состав над Алборг со 32-29, забележувајќи фантастични 11 интервенции.
Со тоа Македонецот ја продолжи серијата на појавувања во изборот за најдобри одбрани во најсилното ракометно натпреварување. Покрај Митревски, место имаше и за Нилсен, Ландин, Герард и Миклер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА