Новиот тренер на „сините“ бесен: Кол Палмер не мрда од Челси

Промената на тренерското место во Челси од каде неочекувано замина Енцо Мареска донесе разни гласини за заминување на една од најголемите ѕвезди во составот, Кол Палмер во Манчестер Јунајтед.

Сепак новиот тренер Лиам Росениор ја „смири топката“ на последната пресконференција изјавувајќи дека англискиот репрезентативец е среќен во клубот и не планира да ја промени средината.

„Немам потреба да ве уверувам. Тие невистини дојдоа од никаде. Нема ништо за тоа. Немаме потреба да говориме на таа тема. Тоа е мојот став. Кол е многу среќен. Имав многу разговори со него. Нашите мисли сега се како да бидеме подобро, како да се поправиме и како да му помогнеме. Тој ужива тука и сака да биде фудбалер на Челси. Не можеме да ги запреме гласините, но шпекулациите се далеку од вистината. Нема поента да дискутираме на таа тема“, изјави Росениор.

Се вчитува...