За ова се оди во затвор: На атлетска трка го стигна противникот, па го нокаутираше со бокс во главата

Неверојатна случка го одбележа средношколскиот атлетски митинг во Флорида, САД, по големиот инцидент што се случи пред крајот на трката на 1.600 метри.

Имено, еден американски атлетичар го стигна ривалот што беше неколку метри пред него, но кога сите очекуваа да го претрча, тој го запре и брутално го удри со тупаница во главата.

Присутните беа во шок, насилникот беше автоматски дисквалификуван, но нема да добие и посериозна санкција откако тепаниот атлетичар реши да не поднесе тужба за овој огромен инцидент.

Се вчитува...