За овој потег говорат сите: Меси покажа колку е голем и како човек (видео)

Интер Мајами стигна до првиот трофеј во клупската историја откако синоќа беше освоен лига-купот на САД во финалето против Нешвил. Нема сомнеж дека најзаслужен за пехарот е Лео Меси, кој го препороди клубот по доаѓањето од ПСЖ, но аргентинската суперѕвезда покрај фудбалските ги покажа и своите човечки квалитети.

Имено, веднаш по победата над Нешвил тој го најде ДеАндре Једлин, играчот кој ја носеше капитенската лента пред неговото доаѓање, му ја стави на раката и јасно му стави до знаење дека заедно треба да го кренат пехарот. Једлин беше изненаден од ваквиот предлог на големиот ас и најпрвин го одби, но Меси не заборави, па при церемонијата за пехарот инсистираше да го однесе трофејот меѓу сите фудбалери, за заедно да го кренат.

Соиграчите од Интер Мајами допрва сфаќаат каква величина е Лео Меси, не само од фудбалски, туку и од човечки аспект…

Се вчитува...