За Пол Погба кој се најде во центарот на вниманието по позитивен тест на допинг дефинитивно нема место во Јувентус, потврди раководството на италијанскиот прволигаш.
Французинот доби четиригодишна суспензија, но истата подоцна беше намалена на осумнаесет месеци па тој ќе може да се врати на теренот во март 2025 година. Погба неодамна изјави дека би останал во редовите на Јувентус и за помала плата, но раководството и новиот тренер Тијаго Мота немаат никаква намера да соработуваат со него.
Јувентус веќе работи на раскин на договорот со што поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед ќе биде слободен да ја бира новата средина од 1. јануари. За неговите услиги интерес покажуваат неколку клубови од САД како и Олимпик Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА