За посреќни празници – Mozzart со донација пакетчиња ја поддржа акцијата на Правната клиника

Ова е традиционална акција која секторот во рамките на Правниот Факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола ја организира веќе неколку години.

Атмосферата на подарување во Mozzart трае цела година, а за време на празниците особено е важно да се измамат насмевките на најмалите. Регионалниот лидер во приредување игри на среќа затоа ја поддржа акцијата на Правната клиника и обезбеди новогодишни пакетчиња за најмладите од загрозените семејства. Ова е традиционална акција која секторот во рамките на Правниот Факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола ја организира веќе неколку години.

“Претстојните празници се највеселиот дел од годината, а пакетчињата се еден од начините да им го разубавиме овој период на децата. Детските насмевки и нивната радост се најубавата слика за крај на годината, благодарност до Mozzart што ни помогна во реализацијата на оваа акција.” – нагласи Ивона Шушак Лозановска, Координатор на Правниот Факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола.

Во играта на хуманоста секогаш постои поголема мотивација за победа. Затоа компанијата Mozzart секојдневно се обидува да обезбеди нови средства за помош на разни добротворни организации, здруженија, центри и поединци на кои им е најпотребна.

Во пресрет на празниците, особено е важно уште повеќе да се обединиме во вакви акции, а мило ни е што во соработка со Правната клиника ги израдувавме најмалите со новогодишни пакетчиња.” – истакна Мики Златески, Менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.

Се вчитува...