За првпат на официјален меч беше покажан зелен картон – Еве што значи тоа

На Светското првенство за играчи до 20 години во Чиле, беше воведено ново правило – зелениот картон.

За прв пат беше употребен на натпреварот помеѓу Мароко и Шпанија, кога селекторот на Мароко Мохамед Уаби побара да се провери досуден пенал. По прегледувањето на снимката, одлуката беше поништена, а Шпанецот беше казнет за симулирање. Мароко победи со 2-0.

Селекторите и капитените можат да побараат од судијата еднаш во секое полувреме да ја провери спорната ситуација преку ВАР, и тоа само во клучни случаи: евентуално досуден пенал, црвен картон, регуларност на постигнат гол…

Правилото моментално е во тест фаза и важи само за овoj турнир, а ФИФА ќе одлучи дури по завршувањето на натпреварувањето дали ќе се воведе и во други натпреварувања.

Се вчитува...