ЕКИПА во Малта
Горан Бошев
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го очекува натпреварот со Малта во рамките од квалификациите за ЕП 2024 година.
Интересно е што овој ќе биде историски натпревар за Македонија во однос на бојата на дресовите. Првпат во историјата од постоењето, македонскиот национален тим ќе игра во црна гарнитура на дресови. До сега беше играно со црвена, жолта и бела, а сега за првпат ќе се игра во црна комбинација.
Домаќинот Малта, пак, на денешниот натпревар ќе настапи во црвена боја на дресови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА