За разлика од Денвер, Оклахома не е „запалена“ по Србите – отказ за Покушевски

Српскиот кошаркар Алексеј Покушевски доби отказ од НБА франшизата Оклахома Сити Тандер, официјално потврди и неговиот клуб. Покушевски беше одбран како 17-ти пик на драфтот во 2020 година од овој тим, но не успеа да се наметне во екипата и покрај тоа што во одреден дел од кариерата забележеше и добри настапи.

Двестаитринаесет сантиментри високиот 22-годишник во првите три сезони забележа просек од 7.9 поени, 4.9 скокови и 2.1 асистенција по натпревар, но оваа сезона настапи на само десет натпревари со скромен просек од 1.2 поени по натпревар.

Тој е вториот Србин кој ја напушти Оклахома оваа сезона откако претходно „трејдуван“ беше и Василије Мициќ.

Се вчитува...