За само 30 евра можете да ги гледате сите мечеви на Македонија на ЕП во одбојка

Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) ја почна продажбата на билети за натпреварите во групата во Скопје на Европското првенство 2023 година. Македонија како еден од кодамиќините на шампионатот се најде заедно во група со Полска, Холандија, Чешка, Данска и Црна Гора.

Цената на дневна карта е осум евра, а доколку сакате да ги гледате сите пет натпревари на „спартаницте“ групна карта чини 30 евра. Дефинитивно најдобра понуда е таа со која сите мечеви од групната фаза можете да ги гледате за само 50 евра.

 

Се вчитува...