Македонската женска репрезентација доживеа убедлив пораз од 11-0 (5-0) на гостувањето против Франција во седмиот свој натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Французинките убедливиот триумф го најавија уште во првата минута со погодок по само десет секунди игра. Се понатака беше претстава со „еден актер“, па домаќинките на крајот сервираа единаесет погодоци.
Македонија на натпреварот настапи без своите два најдобри фудбалерки Андонова и Рочи. Македонската репрезентација по седум натпревари остана на оние претходно освоени три бода во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА