Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур доби суспензија од седум натпревари и е казнет со 100 илјади фунти од страна на англиската фудбалска федерација поради недолично однесување за време на интервју за медиуми.
Бентанкур во телевизиско интервју говореше за соиграчот, Јужнокореецот Сон Хеунг-мин. Водителот го запраша за дрес на Сон на што тој одговори.„Дрес на Сон? Може да биде и од негова роднина бидејќи сите изгледаат исто“.
Бентанкур подоцна се извини за непромислените зборови, и самиот Сон додаде дека ова недоразбирање не е намерно и дека веќе е зад нив, но сега следеше казна од ФА првенствено поради реферирањето на националност, расната или етничката припадност, како што стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА