Новиот тренер на Челси, Енцо Мареска и дефинитивно се откажа од услугите на поранешниот репрезентативец на Англија, Рахим Стерлинг кој откако не одигра ниту минута на отварањето на новата сезона во Премиерлигата, не се најде во протоколот за натпреварот против Сервет во плеј-офот на Конференциската лига.
Стерлинг му се приклучи на Челси пред две години во трансфер вреден 57 милиони евра од Манчестер Сити, но не успеа да ги преслика добрите настап и на „Стемфорд Бриџ“ забележувајќи само 19 голови на 81 одигран натпревар, бележејќи голем пад во формата поради што остана и без место во репрезентацијата на Англија.
Очекувањата се дека Стерлинг ќе биде само еден од оние кои ќе го напуштат Челси до крајот на преодниот рок. Во слична ситуација се и Бен Чилвел, Весли Фофана и Тосин Адарабиојо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА