Веднаш по завршувањето на настапот со македонската репрезентација на Светското превенство (У21) во Алжир, Филип Талески отпатува во Германија и му се приклучи на Рајн Некар Левен во подготовките пред новата сезона.
Младиот македонски бек капитенски ја предводеше македонска малдинска репрезентација до досега најуспешното шесто место на ракометните мундијали, ги одигра сите девет натпревари на СП како носител на играта, а потоа веднаш продолжи со клупските обврски во Германија.
Талески вчера со Рајн Некар Левен настапи и на контролниот натпревар против Хедесхајм на кој за лавовите беше полесен шутерски тренинг (45-20). Македонскиот бек запиша два гола на овој дуел.
Рајн Некар Левен во престојната сезона ќе се бори за третата титула по ред во Бундес-лигата, а ги очекува и настапот во Лигата на шампионите во која ќе играа во Групата А заедно со Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА