За титулата светски првак одиграна најдолгата партија во историјата на шахот

Дуелот за титулата шаховски првак се одвива меѓу актуелниот шампион Магнус Карлсен и предизвикувачот Јан Непомњашчиј, а денеска се одигра шестата партија. По вистинска драма и невиден маратон, најдолг во историјата на шахот од 136 потези, заврши со победа на Норвежанецот, и со тоа мина во водство во одбрана на титулата со 3,5 – 2,5.

Непомњашчиј играше со црни фигури и имаше иницијатива, но направи грешка, по што Карлсен ја искористи и ја однесе партијата во помирни води.

Предизвикувачот продолжи со непрецизна игра и на крајот Норвежанецот поентираше за победа.

Денеска на програта е седмата од предвидените 14 партии во која Русинот ќе ја има предноста од почетен потег.

Се вчитува...