За трансфер на Коман во Арсенал постои еден голем проблем

Арсенал ова лето ангажираше само два нови фудбалери, но како што се наближува крајот на преодниот рок може да стигне до трето квалитетно засилување, овој пат за нападот во Кингсли Коман.

За францускиот фудбалер претплатен на трофеи нема место во „новиот“ Баерн Минхен па германскиот гигант се обидува да се ослободи од неговите големи примања од 300 илјади фунти неделно.

Сепак оваа сума може да претставува проблем и за самиот Арсенал бидејќи Микел Арета не сака да направи незадоволство во соблекувалната со ангажам на фудбалер на кој нема постојано да смета во првиот тим, а ќе биде еден од најплатените во тимот, пренесуваат медиумите на „Островот“.

За ангажман на Коман постои интерес и од Саудиска Арабија каде тамошните клубови нема да имаат проблем да ги исплатат големите барања на фудбалерот кој досега освои 29 големи трофеи во кариерата.

Се вчитува...