За успешната сезона Челси го наградува Каиседо со нов договор

Моисес Каиседо игра одлична сезона за Чесли во која е еден од клучните играчи во составот на Енцо Мареска. Еквадорецот настапи на 35 натпревари во Премиерлигата, постигна гол и забележа четири асистенции па сега ќе добие нов договор и покрај тоа што актуелниот му е со важност до јуни 2031 година.

Челси сака да го награди 23-годишникот со побогат договор па наскоро ќе започне преговори за тој да се чувствува уште посреќно на „Стемфорд Бриџ“ каде е сметан за еден од најважните фудбалери во годините кои следат.

Каиседо пристигна во Челси во 2023 година од Брајтон во трансфер вреден 116 милиони евра, а и покрај тоа што не успеа да ја преслика блескавата игра во новата средина, оваа сезона успеа да се наметне во составот на Мареска и да го покаже својот потенцијал.

Се вчитува...