Муслиу не тренираше, ќе се чека до последен момент за настап против Казахстан

Висар Муслиу е крајно неизесен за утрешниот меч со Казахстан. Дефанзивецот на македонската репрезентација заработи повреда на дуелот со Белгија, и мораше предвреме да го напушти теренот.

Муслиу вечерва не тренираше на официјалниот тренинг на „Тодор Проески“, и многу веројатно е дека ќе го пропушти утрешниот меч.

По мечот против Белгија, селекторот Милевски рече дека мора да се направат дополнителни медицински прегледи, за да се утврди тежината на повредата, а сега изјави дека ќе се чека на него во последен момент, односно нема да се знае дали ќе игра или не до пред стартот на натпреварот.

„Медицинскиот тим прави се да ги опорави играчите од исрцпувачкиот меч со Белгија. Кога играат за Македонија забораваат и на повреди и на замор и на се. Што се однесува до Муслиу, ќе чекаме до последен момент да видиме дали ќе може да настапи“, рече Милевски.

Се вчитува...