За Војдан нема „невозможен“ шут – погледнете како му донесе нов трофеј на МЗТ Скопје (ВИДЕО)

МЗТ Скопје ја продолжи жетвата на трофеи на домашната сцена откако во драматичното финале на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ славеше над Кожув благодарение на неверојатниот Војдан Стојановски.

Македонскиот репрезентативен капитен на 30 секунди до крајот на средбата погоди обид за три поени од „невозможна“ позиција носејќи предност за „сино-белите“ од два напада која беше доволна за 33. трофеј во клупската историја.

Се вчитува...