Додека прволигашите паузираат поради репрезентативните настапи, за второлигашите нема одмор. Денеска од 14 часот на програмата се натпреварите од 18. коло во Втората македонска фудбалска лига.
А, најинтересниот натпревар се чини ќе биде на југот каде лидерот Академија Пандев ќе биде домаќин на Хоризонт Турново, но во натпревар кој, интересно, ќе се игра на стадионот на турновци, „Кукуш“.
Академија Пандев, по претходниот пораз од Скопје, сега атакува на триумф, како и Еуромилк ГЛ против Тетекс, продолжувајќи ја битката за втората позиција на табелата.
ДВОЈКИ – 18. КОЛО (денеска, 14 часот)
Академија Пандев – Хоризонт Т.
Еуромилк ГЛ – Тетекс
Вардар Неготино – Скопје
Металург – Велазерими
Тиквеш – Новаци
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА