За ѕвездата на Реал Мадрид нема друг клуб освен Ливерпул

Марко Асенсио веќе долго време се наоѓа на излезната врата на Реал Мадрид, а ова лето конечно би можел да ја промени средината. За неговиот потпис е заинтересиран Ливерпул, а токму „црвените“ се и изборот на шпанскиот репрезентативец, пренесуваат англиските медиуми.

За остварување на трансферот 26-годишникот кој во „кралскиот“ дрес постигна 49 гола и 24 асистенции е подготвен и да ги намали месечните примања што е воедно и еден од условите на Ливерпул па се поизвесно е дека ќе дојде до промена на клупските бои.

За потписот на Асенсио е заинтересиран и Арсенал кој веќе испратил и понуда од 40 милиони евра откако не успеа да го ангажира Рафиња, но Шпанецот цели кон амбициозен клуб кој ќе се натпреварува за трофеи.

Се вчитува...