Неверојатниот Мондо Дуплантис стигна до нов златен медал на Светските првенства и нов светски рекорд откако денеска во финалто во Токиот успеа ја скокне 6.30 метри.
Со сребрениот медал се закити Гркот, Емануел Каралис, додека бронзата ја освои Австралиецот, Куртис Маршал.
Новозеланѓанецот Горди Бемиш е сензационален победник на трката на 3000 метри стипл-чејс. Бемиш до златото стигна во најспората трка во историјата на светските првенства на оваа делница со време од 8:33.88 минути. Среброто му припадна на првиот фаворит Софијан Ел Бакали кој во финишот имаше предност, но ги потцени противниците и на крајот заслужено го изгуби златниот медал. Бронзата му припадна на Едмунд Серем од Кенија.
Сензационална шампионка добивме и на трката на 100 метри со пречки кај дамите откако златото со време од 12.24 секунди и припадна на Швајцарката Дитаџи Камбунџи која постави нов национален рекорд. Среброто и припадна на актуелната светска рекордерка Тоби Амусан, додека со бронза се закити Американката Грејс Старк. Втората Американка во финалето и прва фаворитка Масаи Расел на крајот остана без медал.
Во фрлање кладиво кај дамите до златото стигна најдобрата сезонава Кемрин Роџерс со фрлање од 80.51 метар што е најдобро остварување сезонава. Сребрениот и бронзениот медал им припадна на Кинезинките, Жао и Жанг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

