Заборавениот ас заминува од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед престојното лето ќе претрпи промени во ростерот со заминувања на едни од најискусните фудбалери во тимот со цел смалување на трошоците. Еден од оние кои со сигурност ќе го напушти „Олд Трафорд“ ќе биде заборавениот ас, Кристијан Ериксен.

Договорот на данскиот играч за врска завршува со крајот на сезоната и нема да му биде понуден нов договор за продолжување на соработката која трае во последните три години.

Ериксен оваа сезона настапи на само 27 натпревари во сите конкуренции, а до крајот на сезоната најверојатно ќе влезе во кругот „100“ со оглед на тоа што од пристигнувањето во составот до сега има вкупно 99 одиграни средби.

Се вчитува...