Заборави за кој игра: Јапонецот на Бруклин „закуца“ во својот кош (ВИДЕО)

Турболентното лето во Бруклин во кое се споменуваше заминување на Кевин Дурент и Кајри Ирвинг се одрази на стартот на новата сезона во која клубот по шест одиграни меча забележа пет порази. Последен тим кој го славеше против „црно-белите“ беше Индијана во натпревар кој го одбележа и несекојдневна ситуација.

Во првата четвртина јапонскиот кошаркар Јута Ватанабе во обид да фати скок во одбраната „закуца“ во својот кош, а видеото стана хит на социјалните мрежи.

Се вчитува...