Со стартот на Типстер купот, најуспешните типувачи, членови на Sport Life клубот, секој месец, сè до јуни наредната година ќе се натпреваруваат и освојуваат подароци, а за најдобрите обезбедени се два автомобили.
Новина оваа сезона е воведувањето на две етапи – есенска и пролетна, а на крајот од секоја етапа следува финале со првопласираните од сите обложувалници на Спорт Лаиф од претходните месеци. Во зависност од рангирањето и освоените поени, обезбедени се подароци за првопласираните играчи на месечно ниво, а за секоја од финалните фази обезбеден е автомобил Peugeot 308.
Есенската етапа, која започна на 1. септември, ќе трае до крајот на оваа година, а финалето ќе се одвива од 10. јануари до 31. јануари 2019 година. Пролетната етапа продолжува од 1. февруари до 30. мај 2019 година, со финале од 10. јуни до 30. јуни 2019 година.
Ова е веќе осма сезона на овој натпревар, во кој сите оние кои ќе се зачленат или се членови во Sport Life Клубот се натпреваруваат со своите веќе уплатени тикети, без разлика дали се погодени или промашени, т.е. оној кој е поуспешен во типувањето, се рангира повисоко. Членовите на СЛ клубот навистина добиваат најмногу!
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА