Бетис и Војдан Стојановски го претрпеа и петтиот пораз во низа во рамките на Ендеса-лигата, откако клубот од Севилја премногу лесно и убедливо загуби на гостувањето против Мурсија со 92-80. Тимот предводен од тренерот Жан Табак мечот го загуби со очајната втора четвртина, во која Мурсија постигна двојно повеќе поени од Бетис (28-14).
Доминацијата на домаќините продолжи и во третиот дел, Мурсија за момент имаше и огромни 27 поени предност (70-43), по што следеше задоцнетиот финиш на Војдан и неговите соиграчи, кои на крајот ја намалија разликата на конечни 12 поени.
Македонскиот репрезентативец повторно беше меѓу најдобрите во својот тим, постигнувајќи 14 поени. Бетис со овој пораз падна на 14. место на табелата, па тимот на Стојановски до крајот на сезонава го очекува битка за опстанок во елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА