Задоволоството е обострано: Марио Геце го продолжи договорот со ПСВ

Германскиот фудбалер Марио Геце го продолжи договорот со ПСВ до крајот на сезоната 2023/24, објави холандскиот клуб.

Мариод дојде во редовите на ПСВ во 2020 година како слободен играч од Борусија Дортмунд и парафираше договор до летото 2022 година. 29-годишниот играч од средниот ред беше еден од најдобрите играчи на ПСВ минатата сезона, па управата на клубот од Ајндховен одлучи да му понуди продолжување на соработката.

„Не е тајна дека Марио е играч кој го дефинира нашиот тим, тој е реализација на нашите амбиции. За нас беше многу важно да го задржиме“, рече директорот на ПСВ, Џон де Јонг.

Геце одигра 35 натпревари за холандскиот клуб и постигна десет гола со исто толку асистенции.

 

 

 

Се вчитува...