Гиорги Зафиров и во следните две години ќе го носи дресот на македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ, објави скопскиот тим на социјалните мрежи.
И покрај понудите од останати клубови од македонскиот шампионат, но и интернационалната сцена, искусниот кошаркар се одлучи да остане во „црно-белиот“ дрес и во иднина.
Зафиров минатата сезона настапи на 32 натпревари за вицешампионот бележејќи просек од 9.6 поени при реализација од 57 отсто во обидите за два, 28 отсто во обидите за три и 64 отсто од линијата за слобони фрлања, 6.1 скок и 1.2 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

