Хаосот со загадениот воздух во Скопје што кулмииннраше со вчерашионт пожар во отпадот за електронски смет во Трубарево придоесе и тимот на Вардар да ги промени планираните активности за овој период.
Имено, тренинг, базата на „црвено-црните“ се наоѓа многу блиску до местото на пожарот во Трубарево, поради што управата на „црвено-црните“ донесе екипата да го напушти Скопје и да замине на подготовки во Охрид.
„Поради загаденоста на воздухот од пожарот што изби во отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево, кој се наоѓа на само неколку стотини метри од нашата тренинг база, управата по барање на стручниот штаб ја премести екипата во Охрид.Црвено-црните таму ќе бидат во карантин и ќе одржуваат тренинзи пред следните предизвици во домашниот шампионат. Во четврток, директно од Охрид ќе патуваме на натпреварот во Гостивар, против екипата на Аресими, во рамките на 6-то коло. Мечот се игра од 15:30 часот“, објави ФК Вардар на официјалната веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

