Загина фудбалер во бомбардирањето на Газа

Во бомбардирањето на Појасот Газа загина фудбалерот на Ал-Јармук Хамди Лубад.

Според новинарот Абубакар Абед, Хамди Лубад, заедно со неговата сопруга и четирите ќерки, биле жртви на израелското воздушно бомбардирање на нивниот стан во Појасот Газа.

Да потсетиме, најмалку 40 лица загинаа, а 60 се повредени во израелски напад врз палестински камп во областа Ал-Маваси во Кан Јунис, јужно од Појасот Газа.

Се вчитува...