Загина познат велосипедист на трка во Швајцарија

Швајцарскиот велосипедист Џино Мадер загина за време на петтата етапа на познатата трка Тур де Свис, објавија организаторите на ова престижно натпреварување.

Трагедијата се случила по 200 километри кога несреќниот Мадер се судрил со американскиот велосипедист Магнус Шефилд. Во таа прилика тој со полна брзина паднал од карпата во каналот и во болница им подлегнал на повредите.

„За време на петтата етапа од велосипедската трка Тур де Свис, Џино доживеа тежок удар и не успеа да ја добие оваа, за него, најважната битка и им подлегна на повредите. Целиот наш тим е целосно уништен од болката и нашите мисли и молитви се со неговото семејство“, се вели во соопштението на неговиот тим Бахреин Викториус.

Американскиот велосипедист се здобил и со сериозни повреди, но според информациите на организаторите неговата состојба е стабилна и не е во животна опасност.

 

Се вчитува...