Џон Берилсон, сопственикот и претседател на славниот англиски клуб Милвол го загуби животот на 70-годишна возраст после трагична несреќа, соопштија од клубот. Американскиот бизнисмен е во клубот од 2006 година, а од клубот не истакнаа за каква несреќа станува збор.
Од клубот истакнаа дека Берилсон минатиот месец наполнил 70 години и дека под негово водство клубот испшал големи успеси и станал стабилен тим.
„Неочекуваната и трагичната смрт на Џон несомнено ќе влијае на сите оние кои имаа среќа да го познаваат. Беше голем човек, неверојатно лојален на своето семејство. Живееше живот од бајките, полн со боја и радост и беше внимателен кон другите со непресушна желба да ги подели своите знаења и искуства за да им помогне на луѓето. Под негово водство Милвол испиша големи успеси и стана стабилен клуб. Не водеше кон најголемите успеси во историјата, неговото влијание беше големо. Почивај во мир Џон и ти благодариме“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

