Загина украински кошаркар кој сонуваше да игра во НБА

19-годишниот кошаркар Богдан Попова, загина во воениот конфликт во Украина, пренесува „Киев Индепендент“.

Талентираниот спортист настапуваше во јуниорска конкуренција, а во просек постигнуваше 13 поени и 19 скокови по натпревар. Богдан сонувал за колеџ и настап за УКЛА Бруинс, екипа од НЦА лигата.

Кога војната во Украина почна, Попова ја прекина спортската кариера и се приклучи на војската. Деталите за смртта не се познати.

Се вчитува...