Српскиот кошаркар Раде Загорац следните две години ќе го носи дресот на Реал Бетис. Иако беше најавуван како ново засилување на Партизан, 22-годишното крило одлучи да ја проба среќата во шпанската АЦБ лига.
Екс-кошаркарот на Мега потпишува за последниот тим во шпанското првенство, Реал Бетис и по девет кола се уште нема забележано триумф. Во текот на летната лига во НБА, Загорац потпиша тригодишен договор со Гризлис, но пред самиот почеток на регуларната сезона го раскина договорот со франшизата од Мемфис, па како слободен агент ја чекаше најдобрата опција за него.
Загорац претходната сезона во дресот на Мега имаше просек од 15.6 поени и 6.5 скока по натревар во АБА – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА