Загреб беше пред сензација со ПСЖ, но како и Пелистер киксна во финишот… Барселона го победи Сегед

Ракометарите на Загреб беа пред сензационална победа против ПСЖ во Париз во 4. коло од Лигата на шампионите, но нешто слично како и македонскиот шампион  Е. Пелистер, дозволија недозволив пад во финишот за пораз од 35-32.

Имаше Загреб предност од 31-32 на две минути пред крајот, но дозволи четири гола на домашните за 90 секунди и на крај пораз од 35-32.

Со тоа Хрватите останаа без ниту една победа во четири натпревари, а ПСЖ дојде до втората победа.

Барселона, пак, во истата група го победи ПИК Сегед со 31-28.

Во Групата А, Веспрем го победи Кијелце со 35-33, а Фуксе Берлин славеше против Динамо Букурешт со 32-31.

Се вчитува...