Славко Голужа не е повеќе тренер на Загреб. Противникот на Еурофарм Пелистер во групната фаза во ЛШ нема тренер откако двете страни се решија да ја прекинат соработката.
За Голужа ова беше трет мандат на чело на клубот, а на таа позиција беше од минатата година. Екипата ќе ја води Андрија Николиќ, досегашниот помошник.
„Се што правеше, правеше со верба и ние му благодариме што го водеше нашиот клуб изминатите 10 месеци“, стои во клупското соопштение на Загреб.
Еурофарм Пелистер и Загреб ќе ги одмерат силите на 19 октомври во Загреб, односно на 7 декември во Битола. И Загреб и Е.Пелистер ја стартуваа кампањата во ЛШ со порази. Загреб беше поразен од Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА