Загреб успеа да го изненади Алборг ремизирајќи во 4.коло од Групата А во Лигата на шампионите, иако може да жали што пропушти и победа против големиот фаворит.
Хрватскиот шампион одигра 30-30 (15-15) во повеќе од драматичен меч пред своите навивачи во кој имаше на две минути пред крајот и два гола предност од 29-27, но дозволи потоа серија од 0-3 на Алборг па во последните секунди Загреб спасуваше и реми со погодок стигнувајќи до конечни 30-30.
Најефикасен кај Загреб беше Срна со седум гола, а Хансен кај Алборг заврши со шест погодоци.
Колштад, пак, го демолираше ПИК Сегед победувајќи со 37-24. Гудјонсен и Лисе со по осум погодоци беа најефикасени во победата на Колштад, а Бодо со пет гола беше најефикасен кај Унгарците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА